Преработката на „Заветна“ во блуз манир од Игор Џамбазов и Гуру Харе сега доби и видео спот. Новиот аранжман е на Игор Атанасоски – Харе а беше промовиран во октомври. Покрај неколку гости на инструменти, придружните вокали ги пее Тамара Тодевска.
Оригиналната верзија ја испеа Пепи Бафтироски, а е авторско дело на браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.
Спотот е составен од инсерти од неколку култни македонски филмови како „Републиката во пламен“, „Мис Стон“ и други кои ги отстапи Кинотека на Македонија.