Ставени се во функција сите државни капацитети за производство на електрична енергија, што се случува првпат после 70 години истовремено да работат сите електрани на АД ЕСМ со максимален капацитет и во исто време да биде вклучен и ТЕЦ Неготино, која термоелектрана има статус на ладна резерва.
АД ЕСМ на 12.01.2023 година произведe 19.774 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 16.344 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 3.430 MWh.
Во изминатото деноноќие АД ЕСМ продаде 330 MWh вишок електрична енергија.