Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно, станува Центар за промоција на македонскиот јазик

“Особено сум горд што старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно, кое го посетив денес, станува Центар за промоција на македонскиот јазик. Ова вековно огниште на употребата на македонскиот јазик, ја потврдува констатацијата на нашиот јазичен визионер Блаже Конески, дека активната употреба на македонскиот јазик е неговата најголема промоција. Тоа го знаеле и македонските учители кои образувале низа генерации на мајчиниот, македонски јазик. Го знаеме и ние денес.

Затоа и веќе се преземени активности за реконструкција и ревитализација на објектот на Старото училиште тука во Љубојно и негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик. Со грижата за овие објекти, коишто се дел од нашето јазично и културно наследство, ја испраќаме пораката дека оваа Влада се определи за заштита и афирмација на македонскиот јазик дома и во светот. Продолжуваме во таа насока, со што го штитиме и афирмираме и нашиот посебен македонски национален идентитет.” – напиша Премиерот Ковачевски на Фејсбук.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s