Култното трио на домашната музичка сцена – „21 ВЕК“ го објави својот нов видео спот за песната „Чекам ко куче“. Видеозаписот за третиот официјален сингл од нивниот албум „Си нацртав живот“ (2021), претставува ретроспектива на настапите кои Васко Атанасовски, Раде Јорданоски и Дени Крстев ги имале низ годините.
Како и за секој видео спот на „21 век“ досега, задолжен за режија, монтажа и снимање е Милан Блажевски, а „останатите две камери беа во рацете на браќата Јосип и Иван Здравковски“, кажува фронтменот Васко.