Фудбалерите на Арсенал го совладаа Манчестер јунајтед со 3:2 (1:1) во натпреварот од 20 коло на англиската Премиер лига за чекор поблиску до титулата која во овој клуб ја чекаат цели 19 години.
Се одигра еден неверојатен натпревар на стадионот „Емирати“ во Лондон, а првиот гол го постигна Рашфорд кој ги доведе гостите во водство во 18 минута. Не требаше долго за израмнување, бидејќи во 24 минута го постигна Нкетиа, по додавањето на Џака.
Само што играчите се вратија на теренот, Арсенал поведе. Сака погоди во 53 минута за предност на домашните, а само шест минути подоцна Мартинез донесе нов егал на мечот.
Од тој момент Јунајтед како да се повлече, Арсенал почна постојано напаѓаше кон голот на Де Хеа, што вроди со плод во 90 минута. По една одлична акција, една топка се одби до Нкетиа, кој ја затресе мрежата на „црвените ѓаволи“ за големо славје на неговиот тим и навивачите.
По оваа победа, Арсенал има 50 освоени бода од 19 одиграни натпревари, односно пет повеќе од Манчестер сити, со натпревар помалку. Од друга страна, Јунајтед останува на делба на третото место со 39 бодови.