По спотови за песните „Корона хит позитиван“ и „Екрем“ од двојниот албум „Карамба!“, кои легендарните „Забрањено Пушење“ ги објави минатата пролет, снимен е и видео запис за песната „Испод радара“.
Песната „Испод радара“, третата песна од двојниот албум „Карамба!“ која доби своја видео верзија, е приказна за човек кој изгубил „многу работи, сопругата и пријателите и вербата во Бог“, кој „ниту станал славен, ниту богат“, но сепак верува во љубовта.
Оваа емотивна рокенрол балада, создадена од Сејо Сексон, Елвис Ј. Куртович, Томислав Андриќ и Тони Ловиќ, во видео формат ја преведе Јасмин Јатиќ, кој го напиша сценариото и го режираше видеото.