Обложувалниците на украинската песната „Heart of Steel“ и даваат дури 16 проценти шанси за победа.
Во текот на февруари повеќето европски земји ќе избираат свои претставници за Евровизија. Досега само Холандија, Израел, Белгија, Албанија и Украина избраа песни кои ќе ги претставуваат, а Словенија и Кипар го имаат само името на изведувачот.
На четири месеци пред почетокот на Евровизија, обложувалниците се отворени, а убедливо води Украина. Букмејкерите на украинската група „Тврочи“ и песната „ Heart of Steel“ и даваат дури 16% шанса за победа, иако повеќето од песните се уште не се познати.
Украина избра свој претставник уште во декември во подземната станица во Киев, претворена во воено засолниште.
Евровизија ќе се одржи во Ливерпул во мај.
Вака звучат преставниците на Украина за овогодинешната Евровозија: