Теа Таировиќ уште кога била во средно училиште се пријавила за настап на „Ѕвездите на Гранд“, но тогаш не се прославила.

Иако таа секако привлекла внимание со својот атрактивен изглед, членовите на жирито сепак не биле воодушевени од нејзините вокални способности. Дури и многумина и се смееја.
Tea Tairovic Takvi kao ti Live ZG 2013 2014 07 12 2013 EM 09
Она што на многумина им падна во очи е дека Теа изгледа сосема поинаку за време на натпреварот. Таировиќ тогаш беше русокоса и без корекции на лицето, па многумина на почетокот не ја препознаваат.
Но судбината имаше поинаков план за неа. Иако не освои забележително место, повторно ја заинтригира јавноста кога со Шабан Шаулиќ во јуни 2017 година ја сними песната „Od kad tebe znam“.
Во јануари 2020 година, таа достигна пресвртница во кариерата кога ја објави песната „Хајде“, напишана од Сања Вучиќ. Оттогаш, нејзиниот вртоглав успех започна и таа стана кралица на бакшишот.