На минатогодишното издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“, младите и атрактивни Христијан Настески-Пајак и Лара Иванова на сцената ја претставија нивната најнова дуетска песна „Bella“, која што верувале или не, за кратко време стана тотелен хит насекаде. Песната стана вирална, после нивниот настап на YouTube веднаш беше промовиран и постиран и официјалниот видео спот за оваа песна, која веќе ја знаат и во соседна Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска… и речиси насекаде низ Балканот.
До денес, кога и го пишуваме овој текст, видеото кое што е постирано пред 3 месеци, а се однесува на нивниот настап од „Макфест“ досега има 1,2 милиони прегледи, додека пак официјалниот видео спот кој што е промовиран и постиран на YouTube неколку дена после после првото видео, односно, нивниот настап на фестивалот денес има повеќе од 10,6 милиони прегледи, потсетуваме само за 3 месеци.
После оваа информација, веруваме дека младите Пајак и Лара се презадоволни што за краток период имаат вистински, голем хит кој што навистина сите и секаде го пејат со голема посетеност на интернет.
Pajak x Lara – Bella (Official Video)