Во јануари за скоро 30% e зголемено домашното производство на електрична енергија во споредба со истиот месец од минатата година.
Ако во минатото било вообичаено да се увезува електрична енергија во овој период од годината, благодарение на зголеменото домашно производство, сега АД ЕСМ успева целосно да ги задоволи потребите на домаќинствата, прехранбената индустрија, училиштата, водоснабдувачките системи и другите витални државни субјекти.
Ова беше потврдено и со бројки, односно на 29 јануари 2023 година дневно производство од АД ЕСМ изнесуваше 21.229 MWh на електрична енергија, што претставува рекордно највисоко дневно производство во последните 10 години.