(ВИДЕО) Како војната за Украина се води на македонската твитер-сцена каде што „дрмаат“ пет проруски профили

„Преспа институт“ во периодот од 1 јануари до 31 декември 2022 година истражувал твитови на топ 300 македонски корисници. Преку нивните реобјави и интеракции се стигнало до бројка од 10 до 11.000 домашни твитер-профили кои влегле во анализата. Извлечени се 513.000 твита од кои 41.000 се однесувале на политички теми. Тука е првиот интересен наод – главна тема е домашна политика со 15.000 твитови, втора тема се Украина, Русија, плус Путин со 7.000 твита. Анализата открила дека на домашната твитер-сцена, на политички теми доминираат пет проруски профили.

  • „Уште 100 наслови месецов за НАТО/ЕУ-планот да ја растуреле Руската Федерација и еве ти 1 март.“
  • „Им изгина пола војска, 5 милиони бегалци има, а они како нашите северџани се радуваат оти имало столче за нив во НАТО.“
  • „Гледате ли Русин на овој срамен настан за Македонија и македонскиот народ кога се потпиша капитулација т. е. Рамковниот договор.“

Ова се само дел од објавите на домашната твитер-сцена во која, на политички теми доминираат пет профили. Според анализата на „Преспа институт“, овие пет профили се комплетно проруски настроени во темата Украина, војната и Путин. Тоа, како што велат од „Преспа“, значи дека овие пет твитерџии и нивните објави влијаат на јавното мислење и перцепциите на граѓаните за работите за кои твитаат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s