Владата ги утврди измените на Законот за игрите на среќа: Објектите мора да бидат 500 метри подалеку од училиштата

Со Предлог-законот се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа

Владата на денешната седница го утврди Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, предложен од Министерството за финансии, во кој се предвидува просториите во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат оддалечени од училиштата не помалку од 500 метри.

„Со цел заштита на младата популација, со измените и дополнувањата се предлага деловните простории, односно уплатно-исплатните места во кои се приредуваат игрите на среќа да бидат на оддалеченост не помалку од 500 метри од основни и средни училишта. Со постојниот закон не е утврдена оддалеченоста на деловните простории во кои се приредуваат игрите на среќа од основните и средните училишта, односно не го утврдува ваквиот критериум“,информираат од Владата.

Меѓу целите на предложените измени, од Владата посочуваат и на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца приредува еден вид игра на среќа. Со Предлог-законот се зголемуваат и надоместоците за издавање лиценци за игри на среќа.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s