Познатиот италијански пејач Рикардо Фабричони, познат како Бланко, направи скандал на сцената на првата вечер на фестивалот.

Во текот на својот настап се појавиле технички проблеми, па во еден момент тој почнал да ја уништува сценографијата на сцената. Тој ги шутирал цвеќињата, ги фрлал плочите на кои биле наредени рози и се однесувал непристојно со музичарите кои настапувале со него. Дивеењето не престанало до самиот крај на настапот, а по завршувањето, неговото однесување на иде на жестоки реакции од публиката.
Sanremo 2023 – Blanco non sente la sua voce e distrugge il palco