Највисоко ниво на извоз во 2022!
Изминатата година #ТИРЗ достигна највисоко ниво од 3,7 милијарди евра односно 25% над највисоката точка која ја достигнавме во 2021.
Годинава ја завршуваме и со нето ефект на извозот и увозот од над 10%. Тоа се пари кои се останати во домашната економија.
Првичните пресметки велат дека 40% од овие средства се останати и во буџетот на над 16.300 наши сограѓани кои работат во овие компании. Само во 2022 имаме над 2.300 нови работни места.