Норвешка е една од оние земји во Европа каде музичкиот фестивал Евровизија се сфаќа прилично сериозно. Во саботата се одржа финалната вечер на националниот избор „Мелоди Гран При“, а победата ја однесе 20-годишната Алесандра Меле, која ќе ја претставува Норвешка на Евровизија со песната „Queen of Kings“. Песната е веќе хит на ТикТок.
Меле веднаш ги освои евровизиските фанови, кои велат дека Норвешка има голема веројатност да победи на годинашното издание на фестивалот. Моментално, Норвешка е на четвртото место на обложувалниците, пред неа се Финска, Шведска и Украина, која втора година по ред е главен фаворит за победа.
Алесандра Меле ќе настапи во првото полуфинале на Евровизија, кое ќе се одржи на 9 мај.