Ријана имаше одличен настап, прв после седум години, за време на полувремето од финалниот натпревар Супербол на Националната фудбалска лига (НФЛ).
Таа ги испеа сите нејзини поголеми музички хитови кои ѝ ја одбележаа кариерата, почнувајќи од „B— Better Have My Money“, па потоа „Where Have You Been?“, „Only Girl in the World“, „We Found Love“, „Rude Boy“, „Work“, „Wild Thoughts“, „Pour It Up“, „All of the Lights“, „Run This Town“, „Umbrella“ и заврши со „Diamond“.
Што се однесува со сценографијата, пејачката го започна настапот на голема висечка платформа, по што се спушти на сцената и им се придружи на останатите танчари.
Сепак, најголемото изненадување на вечерта беше нејзиниот труднички стомак и со тоа испиша историја – Ријана е првата бремена пејачка која настапувала на полувремето на Супербол.
Rihanna’s FULL Apple Music Super Bowl LVII Halftime Show