Хрватска– Од тантела до бомби и мустаќи како Хитлер, евровизиската песна на Хрватска е една од најскандалозните кои ќе ги видиме на Евровизија 2023.
Хрватската група Лет 3 ќе ја претставува Хрватска на Евровизија со песната „Mama ŠČ!“, откако победија на 3-часовното музичко шоу „Дора“, кое се одржа традиционално по 24-ти пат.
Нашминкани и со воени униформи, со историски мотиви, чудни написи и комплетно скандалозен настап, тие очигледно се одлучни годинава да остават впечаток и да се зборува за Хрватска на Евровизија.