(Фото) Премиерот Ковачевски и амбасадорката на САД закроија лозје во кавадаречко

Амабсадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, во Кавадарци учествуваше на манифeстацијата за закројување на виновите насади во чест на празникот Свети Трифун. Во присуство на премиерот Димитар Ковачевски, амбасадорката и самата успешно закрои винова лоза, при тоа давајќи свој придонес во продолжување на оваа вековна традиција. Таа ги посети и локалните винарии и проба вкусно македонско вино

Македонското вино е она по што нè препознаваат во светот. Денеска, кога со традиционалното закројување на лозјето го одбележуваме празникот на лозарите, Св. Трифун, со гордост можам да потврдам дека како одговорна Влада успеавме оваа земјоделска гранка да ја развиеме и да го направиме препознатливо нашето македонско вино.

Вложуваме во секое зрно грозје, во секој род и секоја година одново се надеваме на уште породна и поуспешна година.

Веќе трета година по ред бележиме континуиран раст на извозот на флаширано вино, а со тоа и постојан раст на девизниот прилив и јакнење на домашната економија.

Ги стимулираме малите семејни винарии, и оваа година обезбедуваме грант од 10.000 евра, државна помош за да инвестираат во своите бизниси.

Дополнително, за прв пат ги помагаме и малите дестилерии со грант од 5.000 евра, со кои ќе можат да набават опрема за производство и пакување.

Да се радуваме на празникот Св. Трифун уште многу години и да го празнуваме овој ден во духот на традицијата насекаде низ нашата држава каде што се негува виновата лоза.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s