Волково денеска ја доби првата детска градинка. Со изградбата на „Сонце“ е решен повеќедецениски проблем за граѓаните од тој дел на главниот град и околните населени места, а за најмладите се обезбедува пристап до квалитетна социјална услуга за ран детски развој.
Градинката во Волково е изградена во кружна форма и според современи стандарди. Има капацитет за згрижување на 150 деца. Во нејзината изградба и опремување се вложени близу 103 милиони денари.



