Фудбалерите на Пелистер одиграа одличен натпревар, прв под водство на Бобан Бабунски и со пет парчиња во мрежата го испратија Кожуф за Гевгелија.
Пресметката на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола понуди атракција за домашната публика. Откако во првото полувреме Спиркоски со убав погодок ја најави победата, за нејзина точка на маестрален начин се погрижи Благоја Љамчевски. Искусниот фудбалер по еден корнер во финишот чекаше на околу 25 метри, па со ефектен волеј ја испрати топката во спротивниот агол за 5-0.