Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во ненадејна посета на Киев.
Ова е прва посета на Бајден на Киев како претседател на Соединетите Американски Држави, во време кога земјата е во војна со соседна Русија.
Објавени се и првите фотографии од американскиот претседател во главниот град на Украина.
На нив Бајден може да се види како го придружува украинскиот претседател Володимир Зеленски на улиците на Киев.