По објавеното интервју на извесен Стефан Лазаров со Драган Павловиќ – Латас, кое предизвика реакции во јавноста, обвинителството отворило предмет за некои од наводите во интервјуто во делот каде што Павловиќ раскажува дека како 15-годишник тој и неколку другари имале сексуален однос со девојка а која била тепана.
С О О П Ш Т Е Н И Е
Денеска (20.02.2023), МВР поднесе Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју на С.Л. со Д.П.Л., како подкаст на Јутјуб канал. Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување.