Германската компанија „Гересхајмер“ почнува втора инвестиција во технолошко-индустриската развојна зона 2 во Скопје. Станува збор за изградба на втора фабрика за специјализирани производи од медицинско стакло и шприцеви за вакцини.
„Гересхајмер“ вложува над 126 милиони евра, што претставува најголем износ на инвестиција од основањето на Технолошко-индустриските Развојни Зони. Тоа значи и нови над 180 работни места, со просечна плата далеку над државниот просек. Ова е уште една потврда за владините економски политики и позитивната инвестициска клима во земјава и во услови на светска енергетска криза.Подобрување на стандардот на граѓаните и економски развој е наша цел, а токму инвестициите се фактор за реализација на целта. 2022 година е најдобрата година до сега од постоењето на ТИРЗ, ја завршивме со 2.300 нови работни места и над 430 милиони евра нови инвестиции. Вкупно 16.400 наши сограѓани работат во компаниите во индустриските зони во целата држава.