Четири години по смртта на Шабан Шаулиќ, обожавателите на кралот на фолкот конечно добија можност да ја слушнат песната што тој ја снимил неколку недели пред трагедијата.
Песната „Где сте сада другови“ беше објавена на официјалниот „Јутјуб“ канал на Шабан Шаулиќ и веќе во првите часови предизвика ентузијазам кај публиката, а видеото снимено во студиото на Бане Васиќ, кој и ја потпиша композицијата, го овековечи моментот кога кралот на фолкот за прв пат ја испеа песната.