Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот, Арбен Таравари и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев доделија клучеви од новите домови на 45 семејства од социјално ранливи категории.
“Денеска е убав ден за 45 семејства од Гостивар, за кои решивме еден горлив проблем. Навистина многу ми значи што сите заедно ја споделивме нивната среќа и им доделивме клучеви од нивните домови.
Изминатиов период колку и да беше тешко да се справуваме со предизвиците што ги наметна светската економска и здравствена криза, како Влада ниту се откажавме, ниту запревме во спроведување на социјално – станбената политика.
Во изминатите 4 години изградени се и во фаза на изградба се 864 социјални станови. Оваа Влада обезбедува подобар и поквалитетен живот на граѓаните на кои најмногу им е потребна поддршка. Освен во Гостивар, распределени се станови во Македонски Брод, Гевгелија, Демир Капија. Во завршна фаза се социјалните станови во Неготино, а за над 500 наши сограѓани се градат социјални станови во Дебар, Бутел, Велес, Кочани и Сарај.
Јас се залагам за градење инклузивно општество. Затоа како Влада, посветено работиме да овозможиме целосна социјална инклузија на граѓаните, за секого еднакви права и можности, подобар и квалитетен живот за сите”, истакна претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски во Гостивар.