Под мотото „Еднакви и моќни“ членки на Форумот на жени на СДСМ од цела држава маршираа од Паркот на револуцијата, Могилата на непобедените до музејот „11 Октомври“ во центарот на Прилеп.
Ковачевски – “Жените се поим за храброст, истрајност, мудрост, моќ, љубов. На нашата држава и се потребни моќни жени како што се потребни и на светот. До сите жени во политиката, во бизнисот, во институциите, на нивите, во лекарските ординации, во медиумите, во училниците, во фабриките, во културата – бидете гласни и активни!
Градиме општество кое е еднакво за сите, а родовата еднаквост е една од врвните приоритети на оваа Влада. Вистинска демократија претставува родова еднаквост во сите сфери на живеењето. Можеме да успееме само заедно и заедно сме во борбата за економска, политичка и социјална рамноправност и прогрес!
Еднакви и моќни жени е перспектива.
Да, за еднакви и моќни жени!”