Екипата на Рома во дербито на колото го победи Јувентус (1-0) и така влезе во битка за Лигата на шампионите, а на „бјанконерите“ им го нанесе првиот пораз во последните пет одиграни натпревари на домашната сцена.
Овој дуел го одбележа и црвен картон за само 40 секунди на теренот. Моисе Кин од Јувентус влезе од клупата во 89. минута, но поради глупав прекршок доби директно исклучување од страна на главниот судија без да ја допре топката. Се работи за удар на противнички играч во ногата.