Нареден месец ќе „заиграат“ багерите на Бехтел и Енка.. Владата стави потпис на договорот со американско – турскиот конзорциум кој ќе ги гради автопатите на коридорите 8 и 10Д. Во свечената сала, каде присуствуваа и амбасадорите на Турција и Америка – ветија дека ќе градат по највисоки стандарди.
Бехтел и Енка ќе имаат близу 5 години и 1,3 милијадри евра на располагање за да проектираат и изградат комплетно нови автопати во вкупна должина од 110 километри. Годишно ќе се градат просечно по 25 километри, а, еден километар предвидено е да чини 12 милиони евра. Дополнително од буџетот ќе се одвојат и 300 милиони евра, пари за експропријација, која ќе прави паралелно со проектот…
Денепниот договор е резултат на едномесечните преговори на Бехтел со владините консултанти предводени од ИРД Инжиринг, кои ќе бидат задолжени и за надзор на работите… Ова ќе ја чини државата дополнителни 22,5 милиони евра..
Според планот, на 22 април Бехтел ќе биде воведен во работтие на длениците Гостивар – Букојчани (30,1 километар) и Тетово – Гостивар ( над 17 километри) на коридорот 8, како и на делницата Прилеп – Битола (40 километри) од Коридорот 10- д. Во декември пак, ќе почнат со работа и на последната делница од Охрид до Ќафасан.. Сите треба да бидат готови до крајот на 2027..