После подолга пауза, со нов музички проект изненади познатиот музичар Коки Јанков. Вчера на социјалните мрежи тој ја промовираше неговата најнова песна со наслов „Муабет“.
Станува збор за песна на која како автор на музиката и текстот се потпишува токму Коки, додека пак аранжманот е на Дејан Георгиевски – Ѕене. За новата песна Коки сними и видеоспот и тоа под режисерската палка на познатиот Дарио Јанковиќ.