Името на Ерлинг Халанд веројатно уште долго и долго ќе се слуша во светскиот фудбал. Норвешкиот напаѓач уште на стартот на својата кариера привлече внимание, а тој тренд го продолжува и низ текот на годините.
Во денешниот реванш натпревар од Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и РБ Лајпциг, Халанд покажа дека е вистински „вонземјанин“. Норвежанецот успеа да постигне ПЕТ погодоци во гостинската мрежа и тоа сите тие беа во првиот час игра. Халанд даде два гола за две минути во 22. и 24, а потоа стрела и пред полувремето за хет-трик. Во продолжението откако еднаш погоди Гундоган, следеа уште два гола на норвешката гол-машина, во 54. и 57. минута за веќе огромни 6-0.
Со ова, Халанд застана рамо до рамо со Лионел Меси како единствени фудбалери кои дале пет гола во нокаут натпревар во Лигата на шампионите. Во групната фаза такво нешто му појде од рака на Луиз Адриано со Шахтјор, а овие тројца се единствените фудбалери со по пет гола на натпревар во оваа ера на натпреварувањето.
Погледнете ги головите