Песната „Tattoo“ на Лорин го доби гласот на меѓународното жири, но и гласот на јавноста. Лорин го освои првото место со 177 поени наспроти 138-те поени на второпласираниот.
По шест недели натпреварување конечно е познат победникот на Мелодифестивален. Лорин повторно ќе ја претставува Шведска на Евровизија.
Таа победи со песната „Tattoo“ (Тетоважа) и ќе се обиде по вторпат да победи на Евровизија, која годинава ќе се одржи во Ливерпул, Британија.
Од почетокот на натпреварувањето се претпоставуваше дека Лорин ќе победи, а Шведска знаејќи дека се натпреварува на Мелодифестивален е меѓу фаворитите на евровизиските обложувалници.
Loreen – Tattoo | Sweden 🇸🇪 | Official Music Video | Eurovision 2023