Еден од најнепријатните моменти на доделување на Оскарите беше интервјуто што манекенката и телевизиска водителка Ешли Греам го правеше со британскиот актер Хју Грант, а беше прогласено за најкатастрофално, заради неговата дрскост и безобразност кон неа. Видеото вирално се шири, а твитерџиите го критикуваат.
Хју Грант, кој беше еден од презентерите на Оскарите 2023, делуваше како да му е мака што е на доделувањето на наградите и како некој да го довлечкал со сила, па едвај проговори неколку збора на црвениот тепих со Ешли Греам, додека таа го интервјуираше.
Ешли го почна интервјуто со прашањето што му е омилена работа поврзана со Оскарите, на што тој одговори: „Па, фасцинантно е… целото човештво е тука“.
Греам потоа го праша што ќе му биде највозбудливо да види на доделувањето на наградите, а Грант изгледаше збунет, па одговори дека не е возбуден и дека му е сеедно за презентациите и наградите.
Популарната плус-сајз манекенка го праша Грант каков смокинг носи, на што тој повторно дрско одговори:
„Само мојот костум. Не можам да се сетам на мојот кројач“, рече ѕвездата на Notting Hill.
За да не ѝ пропадне интервјуто, се обиде да го спаси, па Греам го праша Грант за неговата улога во филмот Knives Out, а неговиот одговор гласеше:
„Па бев во филмот само околу три секунди“.
Манекенката уште еднаш проба да ја извлече ситуацијата, па праша: „Да, но сепак се појави и се забавуваше нели?“, на што Грант ѝ одговори: „Речиси“.
Погледнете го видеото: