Претседателот на Македонија Стево Пендаровски денеска во Абу Даби оствари средба со шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан, претседател на Обединетите Арапски Емирати и владетел на Абу Даби. На средбата беа разменети мислења околу можностите за продлабочување на билатералните односи, интензивирање на економската соработка, актуелните меѓународни и регионални прашања, како и за надворешните приоритети и политичките состојби во двете земји.

