(Канал 5) Македонија ќе и донира на Украина 12 хеликоптери Ми-24, се чека на владината одлука

Македонија со нов пакет воена помош за Украина… по тенковите и авионите и 12 хеликоптери „Ми-24“ наскоро ќе се најдат на украинските боишта.

Анализата на Генралштабот е веќе завршена, потврдија од таму за Канал 5, а одлуката за донацијата треба да биде одобрена на наредната владина седница. Од Министерството за одбрана велат дека испораката на овие 12 хеликоптери во Украина на никаков начин нема да влијае на ефикасноста и подготвеноста на македонската армија… бидејќи станува збор за стари летала кои се пред истекот на користење, а кои доколку не бидат донирани, ќе мора наскоро да бидат уништени. Воедно најавуваат дека во замена – земјава ќе купува нови осум повеќенаменски хеликоптери… Според професорот по безбедност Методи Хаџи – Јанев ваквите донации се обврска за Македонија со самото зачленувањето во НАТО.. за Канал 5 вели хеликоптерите од типот Ми-24 не се компатибилни со НАТО-структурите. И според него покорисно е тие да бидат донирани, отколку уништени.

Порценетата вредноста на досега испратената воена помош за Украина, без 12-те хеликоптери, според пресметките на Одбрана изнесува околу 30 милиони евра. Од друга страна пак од Минситерството потенцираат дека Македонија веќе добила поддршка од САД од 139 милиони долари за нова, најсофистицирана воена опрема. Набавката на новите осум повеќенаменски хеликоптери, кои освен за одбраната, ќе да можат да се користат и за цивилната заштита и спасување е веќе во тек. Професорот Хаџи-Јанев за Канал 5 потенцира дека тоа ќе значи модернизација на македонската армија и дека најверојатно станува за платформа синхронизирани со НАТО стандардите.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s