Полициската управа на Метро Нешвил од САД објави снимка од застрелувањето на 28-годишната Одри Елизабет Хејл, која вчера во приватно основно христијанско училиште во градот на југот на САД уби шестмина луѓе, од кои три деца. На снимката се гледа како полицајци влегуваат во училиштето и го бараат напаѓачот. Постојано се огласува аларм за тревога.
Полицајците слушаат пукотници на вториот кат и се качуваат по скалите, а потоа еден од нов отвора оган кон напаѓачката, која паѓа на земја, по што друг полицаец пука уште четирипати од пиштол, извикувајќи „Престани да се движиш“.