Со највисоки државни и воени почести во Белград, премиерот Ковачевски беше пречекан од премиерката на Република Србија, Ана Брнабиќ, по што следеше тет-а-тет средба.
Во фокусот на разговорите се севкупните билатерални односи, кои се без отворени прашања меѓу Северна Македонија и Србија како и соработката меѓу двете држави која е сестрана и добро развиена.
Соговорниците говореа и за европската иднина на Западен Балкан, како и реформските процеси и услови кои се залагаат да ги исполнат земјите за што побрза интеграција во ЕУ.





