Историски ден за Македонија, свечено поставен камен-темелник на Коридорот 8

Изградбата на Коридорот 8 е од огромно значење за нашата држава. Овој автопат не само што ја подобрува патната инфраструктура, туку создава и нови можности за инвестиции и соработка и отвора нови пазари. Со Коридорот 8, се поврзуваме со другите европски земји и стануваме вистинска раскрсница на Балканот.

Коридорот 8 ќе го олесни транспортот и ќе ја подобри трговијата, ќе обезбеди и нови работни места и ќе го стимулира економскиот раст.

Оваа Влада инвестира во инфраструктурата и долгорочниот економски развој.

Со сигурни чекори се движиме по европскиот пат!

Изградбата на делницата Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри, според првичните пресметки, ќе чини 125 милиони евра. Останатите три делници опфатени со договорот склучен со конзорциумот „Бехтел и Енка“, чија вредност е 1,3 милијарди евра, без средствата за експропријацијата и проектирање, се автопатите Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан и Прилеп – Битола.

Фатмир Битиќи – Историски ден за Северна Македонија, означивме почеток за изградба на автопатот од „Коридорот 8“, кој минува низ Западен Балкан, и ги поврзува Јадранското и Црното Море.

Се радувам бидејќи од овој многу значаен транспортен коридор за трговија, токму нашата земја ќе имаа најголема корист бидејќи обезбедува директна врска со земјите во регионот, и значително ќе ја поттикне трговијата и растот на инвестициите.

Со модерната транспортна инфраструктура, на нашите компании им овозможуваме брз експорт на нивните стоки на странските пазари, а истовремено и олеснување на увозот на суровини.

Изградбата на коридорот 8 и на коридорот 10д кој наскоро ќе почне, ќе создадат нови работни места за нашите граѓани, а ние се погриживме во договорот да стои дека 51% мора да бидат како изведувачи домашни компании, затоа од тоталната вредност 1.3 милијарди евра, над 600 милиони ќе останат овде, кај домашните компании.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s