Во 23 коло од најквалитетната фудбалска професионална лига на Саудиска Арабија без голови ремизираа екипите на Ал Фејха и Ал-Наср (0:0).
Кристијано Роналдо од редовите на Ал-Наср се наоѓаше во убави шанси за реализација, но овојпат не успеа да се запише во листата на стрелците.
На спротивната страна македонскиот репрезентативец Александар Трајковски можеше да биде херој на Ал Фејха.
Нашиот напаѓач кој го одигра целиот меч постигна прекрасен гол во 21 минута, но истиот беше поништен поради офсајд.