Јас ја смислив Златна Бубамара на популарноста. Мене ми се роди идеја, каде што ќе се сублимираат сите наградни манифестации на едно место, сето ова да биде од забавен карактер, а водителот да биде „стенд ап“ мајстор, вели актерот Тони Михајловски во „Бомбакис подкаст“ потенцирајќи дека Ранко му ја украл идејата.
– Седевме дома кај Игор Џамбазов, бевме јас, тој, Искра и Ранко, за којшто имам снимено преку 400-500 реклами во тоа време и му ја раскажав идејата. И му се допадна. Одлична е идејата, рече Ранко, ќе ја крстиме Златна бубамара на популарноста. Ранко е лопов, 30 години се кити со туѓи перја. Ако сака нека ме тужи, а јас можам да го опонирам“, изјави Михајловски.
Михајловски во гостувањето во „Бомбакис поткаст“ открива дали некогаш би се вратил во политиката, а говори и за неговите планови и новитети кои ги започнал со маестро Игор Џамбазов.
За родното Куманово, неговите универзитетски денови, работата и борбата за живот, шоуто „Опуштено“, „Идол“ и политичкиот живот, па се до неговите сегашни и идни планови, разговара со Станковски, во новата епизода од „Бомбакис поткаст“.