Фудбалерите на Манчестер Сити апсолутно го искористија домашниот терен и убедливо го совладаа Баерн Минхен во првиот четвртфинален натпревар на Лигата на шампионите со 3-0 (1-0). Средбата на „Итихад“ не понуди големо дерби, бидејќи гостинската екипа беше во подредена улога и на крајот претрпе пораз кој можеше да биде и поубедлив.