(Видео) Во тек е изградбата на најголемата зграда за социјални станови во државата, кадешто 312 семејства од социјално ранливи категории наскоро ќе добијат нови домови

Обезбедивме дом за уште 312 семејства во новата, најголема социјална зграда во државата, истакна премиерот Ковачевски на денешниот увид во довршувањето на изградбата на социјална зграда во општина Бутел.

За оваа, 2023 година, како што посочи премиерот Ковачевски:

➡ обезбедени се 5,5 милиони евра повеќе од лани за социјални услуги, во Буџетот на Министерството за труд и социјална политика;

➡ околу 36 илјади домаќинства примаат гарантирана минимална помош;

➡околу 31 илјада деца се опфатени со правото за образован додаток;

➡ над 47 илјади деца се опфатени со правото за детски додаток, според исплатата во декември 2022 година.

Премиерот Ковачевски – “Во тек е изградбата на најголемата зграда за социјални станови во државата, кадешто 312 семејства од социјално ранливи категории наскоро ќе добијат нови домови. Во текот на изминатите 4 години, изградивме или во процес на изградба се повеќе од 860 социјални станови низ целата земја, исполнувајќи го нашето ветување за рамномерен регионален развој. Продолжуваме да ги поддржуваме социјално ранливите категории на граѓани, а изградбата на социјални станови ќе остане приоритет и во иднина.”

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s