Поп-ѕвездата Калиопи Букле и српскиот пејач Жељко Самарџиќ четири децениското пријателство го крунисаа со дует наречен „Знам“, а денеска во Белград се одржа промоцијата на истиот.
Текстот за песната го напиша нејзиниот поранешен сопруг Ромео Грил кој е воедно и композитор на музиката и аранжер.
Песната и спотот ќе бидат промовирани и во Скопје, на 25 април 2023 (вторник) во 12 часот во „АудиоКултура“ во нас.Тафталиџе.