Време е Бугарските власти да ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права, каде јасно е наведено дека правата на македонското малцинство во Бугарија се прекршени, малцинство кое државата треба да го препознае и признае, и целосно да го почитува нивното место во општеството.
Време е да ги елиминираме сите сомнежи дека одредени политичари сакаат да ги нарушат добрососедските односи помеѓу двете држави, одработувајќи за трети страни. Правото на самоопределување е основно човеково право, кое треба да го заштитиме, за да можеме заеднички да градиме подобра иднина за нас и нашите деца.
Северна Македонија силно верува во европските вредности и останува целосно посветена на патот кон полноправно членство во Европската Унија.