3000 денари месечно за млади до 23 години кои работат во производство.
Министерката Тренчевска ја посети компанијата Раде Кончар, каде се сретна со млади лица кои работат во производство и лично да го промовираше Законот за младински додаток.
Преку овој закон на младите лица до 23 години кои се во производствена дејност им се исплаќа надоместок од државата од 3000 денари месечно. Користењето на ова право прекинува со навршување на 23 години на младите лица. Со ова право во 2021 година биле опфатени вкупно 2500 лица, додека во 2022 година бројката се зголемила на 3500.