Таа не е првата на која ова и се случило, а сигурно нема да биде ниту последната која ќе падне на сцена за време на концерт. Имено, Северина на својот настап во загрепска „Лауба“ во еден момент се сопна додека танцуваше и заврши на задникот. За среќа, без никакви последици.
Инаку, Северина брзо се опорави од изненадувањето откако се најде на подот, а настапот го продолжи седејќи мирно и низ смеа велејќи ѝ на публиката „Каде сте вие, се уште ли сте на нозе?“.