Еден од најопасните американски десничарски насилни екстремисти, Роб Рундо, минатиот месец е уапсен во Романија со лажен хрватски пасош, а утврдено е дека со години се криел на Балканот меѓу истомисленици во Бугарија, Србија и Грција.
Негови блиски соработници ја посетувале и Македонија, а во вечерашното издание на КОД одговорите на оваа тема од истражувачкиот новинар на Белин- гкет, Мајкл Колборн, како и ставот на Агенцијата за разузнавање.
Во КОД вечерва и интервју со професорот Методи Хаџијанев за опасностите од деничарскиот екстремизам.
Повеќе и за начинот на кој надлежните институции се справуваат со овој проблем дома, но и за ризиците кои доаѓаат однадвор особено од десничарите од соседството коишто го негираат постоењето на Македонија.