ВИДЕО: Реми како победа во Удине, Наполи на Елмас е нов италијански првак!

Фудбалерите на Наполи третпат во својата историја ќе го кренат трофејот во Серија А, откако го освоија потребниот бод на гостувањето кај Удинезе (1-1) во 33. коло. Ељиф Елмас и соиграчите веќе одамна се подготвуваат за славје, а вечерва Неапол без сомнеж ќе еруптира. Сè беше подготвено за славје и претходниот викенд, ама Салернитана ги расипа сметките. Сепак, во тоа не успеа и Удинезе, па со бодот на „Дачиа Арена“, избраниците на Лучијано Спалети и математички се прваци.

Од првата минута во Удине на теренот се најдоа двајцата македонски репрезентативци, Илија Несторовски за Удинезе и Ељиф Елмас за Наполи.

Натпреварот тргна изненадувачки за лидерот, бидејќи Санди Ловриќ во 13. минута стрела во 13. минута по одлична акција со одмерен удар. Иако голот се проверуваше во ВАР собата, немаше спорни моменти. Наполи ја презеде иницијативата, се наметна и почлна да притиска, па Удинезе беше на искушенија. Во првиот дел најблизу до гол беше Виктор Осимен, кој со глава биеше крај стативата по центаршут од Елмас. 

Отпорот пукна во 52. минута, кога токму Осимен се најде на вистинското место и одбиена топка во една мешаница ја испрати во мрежата на Силвестри за 1-1 и одушевување во Неапол. Второто полувреме се одигра со понизок интензитет, Наполи не притискаше премногу, постигна еден погодок кој беше оправдано поништен, ама успеа и да го одбрани својот гол, па тоа значеше старт на славјето. 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s