Претрес во Скопје, пронајдена дрога
Денеска ( 04.05.2023) полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена трговија со дрога, по претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена наредба од Основен суд Скопје, извршија претрес во дом кај лицето М.Н. (24) во Скопје. При претресот пронајдена е една полиетиленска кеса со околу 400 грама марихуана и полиетиленски кеси со околу 400 грама амфетамин, како и поголема количина на пари. Лицето е лишено од слобода и против него по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.