Чарлс Трети и Камила денеска се крунисани за крал и кралица на Обединетото кралство на традиционална церемонија во Вестминстерската опатија во Лондон во присуство на околу 2.200 луѓе, меѓу кои членови на кралското семејство, познати личности, верски водачи и шефови на држави. Крунисувањето на улиците на Лондон го поздравија илјадници симпатизери на монархијата, но своето незадоволство го искажаа и антиројалисти.





