Екипата на Струга Трим Лум е нов шампион во Првата македонска фудбалска лига.
Стружани попладнево на домашен терен го победија Силекс, а во прилог им одеше поразот на Шкендија, па така на две кола пред крајот ја прославија шампионската титула.
Струга е десеттиот македонски фудбалски шампион. Историската прва шампионска титула, екипата на Струга ТЛ ќе може да ја обедини со трофејот од Купот на Македонија, бидејќи на 20 мај ја очекува финалето со Македонија ЃП.
Струга е млад клуб формиран во 2015 година, а ова е прва титула во историјата на клубот. Срѓан Захариевски одлично ја започна сезоната и го водеше тимот на лидерското место од почетокот, а работата ја продолжи Шпетим Дуро. Ретко кога Струга не беше лидер во ПМФЛ во оваа сезона, па титулата е заслужена.
Струга ТЉ така како десетти тим им се приклучи на Вардар, Слога Југомагнат (сега Шкупи), Работнички, Шкендија, Силекс, Победа, Македонија ЃП и Ренова кои низ историјата беа шампиони на ПМФЛ.
Резултати на натпреварите од 31. коло во ПМФЛ играни денес:
Академија Пандев – Тиквеш 1:4
Македонија ЃП – Победа 7:0
Работнички – Брегалница 5:4
Шкупи – Шкендија 2:1
Струга ТЛ – Силекс 3:0.
Слободен беше тимот на Скопје.
Табела: Струга 62 бода, Шкупи 55, Шкендија 54, Силекс 44, Македонија ЃП 39, Брегалница 37, Работнички 37, Тиквеш 34, Академија Пандев 26, Скопје 22, Победа 13.